Sinan Uslu
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Претседателот на Големото турско народно Собрание Мустафа Шентоп на социјалните мрежи ја објави пораката „Доколку на Макрон толку многу му значи мирот во Либија, тогаш треба да ја прекине поддршката на пучистот Хафтар кој забрзано подрачјето го вовлекува во хаос, согледувајќи дека таквата поддршка нема да вроди со плод“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на турското Собрание Шентоп во пораката на социјалните мрежи реагираше на изјавите на претседателот на Франција Емануел Макрон, кој за развојот на настаните во Либија и Медитеранот ја посочи Турција.
Шентоп во својата порака истакнува дека Макрон кој во редовни интервали ја критикува Турција бидејќи тој не ја согледува новата рамнотежа во светот, додавајќи дека со лажните и неосновани тврдења на сметка на Турција им нанесуваат штета на длабоко вкоренетите турско-француски односи.
Потенцирајќи дека иницијативата на Турција во Либија се базира врз меѓународното право и е со цел воспоставување мир во регионот, Шентоп истакна „Доколку на Макрон толку многу му значи мирот во Либија, тогаш треба да ја прекине поддршката на пучистот Хафтар кој забрзано подрачјето го вовлекува во хаос, согледувајќи дека таквата поддршка нема да вроди со плод“.
Шентоп во пораката ја даде и следната проценка „Макрон кој од својот народ е оценет за неуспешен на повеќе полиња, првенствено во борбата со глобалната пандемија, се обидува заземајќи став против Турција да ја смени дневната агенда, што е манифестација на политичка немоќ. Макрон треба добро да ја прочита позицијата на Турција и да се однесува соодветно на тоа.“