Jeyhun Aliyev
24 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
ИЗМИР
Турција спаси 36 азиланти, кои побараа помош во Егејското Море, но беа вратени од Грчката крајбрежна стража во турските територијални води, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Барателите на азил се спасени од страна на Турската крајбрежна стража во близина на областа Измир во западниот дел на Турција“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
По добиената дојава, турските спасувачки тимови биле испратени во регионот надвор од областа Фоча.
Поморските сили ги спасија барателите на азил и ги префрлиле на копно.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата претходно оваа година ги отвори границите за нелегалните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги исполнила своите ветувања според договорот за мигранти од 2016 година.
Во моментов во Турција се згрижени над 3,7 милиони Сиријци, што ја прави земја домаќин на најголем број бегалци во светот.