Sena Güler
24 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
САМСУН
Најмалку 12 осомничени лица се приведени денес поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ во Црноморскиот Регион на Турција, изјави безбедносен извор, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките и разузнавачки тимови на полицијата во северната област Самсун започнаа операција, поддржана од специјалните сили, за фаќање на 13 осомничени ирачки државјани на неколку адреси во градот“, изјави извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Операцијата во подрачјата Илкадим, Атакум и Џаник доведе до приведувања на 12 лица, кои биле активни во терористичката организација кога биле во Ирак.
На нивните адреси е запленет и дигитален материјал.
Операцијата за приведување на уште еден осомничен е во тек.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Во земјата досега се изведени повеќе напади од страна на терористите на ДЕАШ, меѓу кои 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки и четири вооружени напади, во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.