Muhammet Emin Avundukluoğlu
07 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
АНКАРА
Претседателот на турскиот парламент во понеделник повика на преземање на конкретни чекори против расизмот, исламофобијата и ксенофобијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес, сите ние сме загрижени за вознемирувачкиот пораст на расизмот, ксенофобијата, исламофобијата и говорот на омраза ширум светот и сериозната закана која ја претставува за мирот и хармонијата на нашите општества“, рече Мустафа Шентоп на седмиот состанок на претседателите на парламентите на МИКТА одржан во виртуелна средина.
Основана во 2013 година, МИКТА е неформално партнерство во кое членуваат Мексико, Индонезија, Јужно Кореја, Турција и Австралија.
Шентоп рече дека исламофобијата стана една од најраспространети форми на расизмот во последните 20 години.
„Поради оваа причина, ги повикувам сите членови на нашите парламенти да преземат конкретни чекори против дискриминацијата, расизмот, исламофобијата и тенденциите за говор на омраза“, додаде тој.
Потсетувајќи дека Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) го прогласи 15 март за Меѓународен ден на солидарноста против исламофобијата, Шентоп рече: „Како актуелен претседавач на парламентарната унија на ОИЦ, сметам дека е важно меѓународната заедница да го препознае и одбележи овој ден како на нашата заедничка борба против оваа опасност“.