Dejan Maksimoviç
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Првиот европски самит за исламофобија, кој се одржува во Сараево од 24 до 26 јуни, вториот ден се одвива о две сесии и дебати на темата Исламофобијата во Европа која се карактериризира како еден од најголемите предизвици со кои Стариот контитент сега се соочува. Помеѓу другото, истакнато е дека во борба со оваа појава неопходно е европските политичари да почнат јавно да зборуваат против исламофобијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го прзентиравме нашиот извештај за исламофобијата на Европскиот парламент, но и во многу други институции. Она што во таа прилика го приметивме е дека е неопходно да се појават политичари внатре во Европската унија кои ќе зборуваат против исламофобијата и кои имаат јасен став во таа смисла. Исто тако не смеаат да се плашат ниту околу ставот кој го имаат десничарите и кои ќе бидат спремни да ги заговараат идеите на плурализмот, толеранцијата и отвореното општество", вели доктор Фарид Хафез од Одделот за политички науки на Универзитетот во Салзбург, кој воедно е и портпарол на Европскиот самит за исламофобија.
Нагласи дека во извештајот во чие создравање учествуваа 25 држави и 27 експерти воведоа и различни препораки и политики кои би можеле да се имплементираат.
„Се фокусиравме на цивилното општество, како и на можностите и мерките кои би можеле да се употребат против исламофобијата. Од овој самит очекуваме да се упати пораката дека е неопходно во рамките на Европа да се прифатат конкретни мерки за да кривичните дела против муслиманите се прифатат како кривични дека и тоа секогаш да се има на ум", вели Хафез.
„Исламофобијата донесува многу предизвици во Европската унија. На тоа влијае политиката која ја спроведуаат десничарите. Видовме како тоа е искористено за 'Brexit' кампањата, а во 2015 видовме како тоа влијаеше на мигрантската криза. Многу напади кои се случија, како што беше нападот во Париз, се индикатор како исламофобијата влијае на сите тие настани и како го храни стравот и омразата. Исто така, дел од сложувалката која влијае на многу настани се како што беше насилното убиство на пратеничата во британскиот парламент Џо Кокс", нагласи Хафез.
На овогодинешниот самит ќе се разгледаат неколку клучни прашања, како што е воспоставување на најдобрата практика на политиката во борбата против исламофобијата. Ова ќе биде интегриранио во сеопфатен извештај, кој ќе биде достапен на креаторите на европската политика по Самитот.
Исто така ќе биде одржана и панел дискусија за тоа како заедниците можат да соработуваат и да работат заедно во борбата против разните форми на предрасуди и нетолеранција.
Спонзори на Европскиот самит за исламофобија во Сараево се Министерството за надворешни работи на Турција и Фондот за промоција на Република Турција, додека партнери се Истанбулската општина Умраније и општина Стари Град од БиХ.