Mümin Altaş,Yeşim Sert Karaaslan
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека истрагата за терористичката организација ФЕТО е во тек и дека ова е време на чистење на тие предавнички елементи од политичката и секаква друга сцена во Турција, но дека турските институции во тој процес се водат со право, а не со одмазнички нагони, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската влада и претседател на владеачката Партија за правда и развој (АК партија), Јилдирим, присуствуваше на собирот на партискиот Огранок на младите во подрачјето Кизличахамам во Анкара, а во обраќањето на присутните се осврна на неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули.
„Никогаш нема да го заборавиме, ниту да дозволиме заборав на 15 јули. И денес може од некои кругови да се слушне дека не е готово се, дека постои можност за втор државен удар. Тие предавнички кругови тврдат дека ќе дојдат повторно. Доколку постои некој таков што ќе дојде, со сигурност ќе има што и да види спроти себе. Тоа се само лоши кампањи на предавничката и терористичка организација ФЕТО со која се обидуваат во општеството да сеат страв и нестабилност. Народот нека не се грижи за тоа, но ние нема да бидеме летаргични. Ќе бидеме подготвени на се и ден и ноќ”, изјави турскиот премиер Јилдирим.
Осврнувајќи се и на актуелните истраги и судски процеси во врска со терористичката организација ФЕТО, Јилдирим изјави дека ова е време на чистење на тие предавнички елементи од државниот апарат, трговија, политика и сите други сцени во општеството.
Јилдирим исто така порача дека никој нема право да ги штити предавниците и терористите кои на 15 јули ги потврдиле своите лоши намери против Турција и нејзиниот народ, и додаде дека народот никогаш нема да ги цени оние кои ќе ја занемарат нивната волја и застанат во заштита на предавниците.
„ Од почетокот јасно кажавме дека нема да водиме со одмазда туку со право и закон. Рековме дека сме свесни дека во тек на процесот би можеле да бидат и грешки, но никој од нас нека не очекува да не сториме ништо под изговор дека се можни и грешки”, изјави Јилдирим.
Потсетувајќи дека во март 2008 година во Турција беше покренат обид за затворање на владеачката АК Партија, Јилдирим изјави дека предавниците и непријателите на Турција ни тогаш не усппеале во намерите кои пред очите на целиот свет ги покажаа и на 15 јули.
„Во тој процес на обид на затворање на АК Партијата постоеше листа на политичари кои треба да се отстранат, а меѓу 71 име бев и јас. За мене тоа е листа на чест, а на нејзино чело беше Реџеп Таип Ердоган и неговите најблиски соработници. И на 15 јули пучистите имаа иста таква листа на чело со Ердоган”, изјави Јидлирим.