İzzet Mazi
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
КИЛИС (АА) - Два ракетни проектили испалени од Сирија паднаа денес на подрачјето на пограничниот турски град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортер на АА јавува дека првиот проектил од Сирија паднал на рид во близина на градот, а другиот на ненаселено поле покрај квартот Екрем Четин во Килис.
Во нападот немаше жртви.
Турскиот пограничен град Килис е средиште на чести ракетни напади од соседна Сирија чиј пограничен појас го контролираат терористите на ДАЕШ.
Турските вооружени сили спроведуваат заострени мерки на безбедност на границата и редовно со артирелиски напади ги уништуваат терористичките позиции од кои доаѓаат нападите на Килис.