Предизвикувачко патување на илјадници овци кон високите пасишта во Турција
За да ги заштитат обработливите површини, овчарите го избираат потешкиот пат низ предизвикувачки долини, внимателно водејќи ги животните за да избегнат оштетување на посевите

СКОПЈЕ – (АА) – Овчарите од регионот го започнаа со своето годишно патување, водeјќи ги стадата овци кон високите пасишта на планината Нeмрут, во Адијаман, Турција, јавува Анадолу.
Движејќи се по нагорнините, стадото крева густ прав, создавајќи впечатлива глетка додека златните зраци од сонцето се пробиваат низ маглата, фрлајќи топол, магичен сјај врз ридестиот пејзаж.
За да ги заштитат обработливите површини, овчарите го избираат потешкиот пат низ предизвикувачки долини, внимателно водејќи ги животните за да избегнат оштетување на посевите.