İlkay Güder
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Советот за национална безбедност на Турција се собра на првото овогодишно заседание со кое претседава претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Заседанието на Советот зад затворени врати во претседателскиот комплекс во Анкара започна во попладневните часови.
Членовите на Советот разгледуваат низа теми поврзани за случувањата во Турција и регионот, а се очекува да се дискутира и за ситуацијата во соседна Сирија со акцент на пограничниот регион Африн, кој е под окупација на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Уште една од темите која би требало да се најде на дневниот ред на седницата е и препораката за продолжување на вонредната состојба во Турција, која е воведена поради ефикасната борба против тероризмот.