Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Октомври 2023•Ажурирај: 14 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Првиот авион со хуманитарна помош, кој Туркије го испрати за цивилите во Газа, слета во Египет, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение објавено на платформата X ја потврди турската Црвена полумесечина.
Во соопштението се наведува дека во авионот се наоѓа хуманитарна помош што е обезбедена за Газа со поддршка на турските граѓани.
Помошта за жителите на Газа ќе биде доставена со воени авион во соработка на Министерството за национална одбрана на Туркије и турската Дирекција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД).