Abdullah Doğan
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
КОЊА (АА) - Една од турските компании од областа на Коња, која се занимава со одгледување цвеќе, засади 80 видови лалиња на површина од околу 0,3 квадратни километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Заводот за статистика на Турција (ТУИК), во Коња минатата година е произведено околу 96,8 проценти од вкупното производство на лалиња во земјата. На 400.000 квадратни метри се одгледуваат 40 милиони лалиња.
Кога станува збор за производството, оваа година се очекува да се одгледаат околу 60 милиони лалиња.
Полињата со лалиња се наоѓаат на оддалеченост од околу 50 километри од градот Коња. Голем број домашни и странски туристи и љубители на фотографијата во овој период од годината доаѓаат да го посетат градот Коња.
На полињата работат главно жени од околните села, кои на тој начин придонесуваат за буџетот на домаќинствата.
Бејхан Ѓурсес, претставник на локална компанија што се занимава со одгледување лалиња, вели дека за време на цветањето, на нивните полиња се создава вистински фестивал од бои. Тој истакна дека меѓу посетителите има различни профили на луѓе, на различна возраст и од различни места.