Zeynep Rakipoğlu
08 Ноември 2023•Ажурирај: 09 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Универзитетот „Босфор“ („Богазичи“) во Истанбул соопшти дека е одлучено во оваа образовна институција да се прекине продажбата на производи на брендови што ја поддржуваат израелската окупациска политика, пренесува Анадолу.
„Донесена е одлука во објектите на Универзитетот 'Богазичи' да се прекине продажбата на производи на брендовите што ја поддржуваат израелската окупациска политика сѐ додека Израел не се повлече од окупираните палестински територии“, се наведува во соопштението.
Универзитетот „Босфор“ („Богазичи“) е еден од најдобрите турски универзитети и меѓу попознатите универзитети во Европа.
Турскиот Парламент, исто така, повеќе нема да ги користи производите на компаниите што ја поддржуваат агресијата на Израел, изјави вчера претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш.
„Во Големото народно собрание на Туркије нема да користиме никакви производи на компании што ја поддржуваат израелската агресија“, рече Куртулмуш на состанокот во северната турска област Орду и додаде:
„Отсега нема да купуваме ништо и ќе го фрлиме тоа што било купено порано.“
Израел започна воздушни и копнени напади на Појасот Газа од нападот на Хамас на 7 октомври.
Во израелските напади на Газа убиени се 10.569 Палестинци. Меѓу убиените се и 4.324 деца и 2.823 жени.