Sibel Uğurlu
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Денеска полицијата приведе 55 лица ширум Турција поради осомниченост за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Извор, кој за медиумите зборуваше под услов да остане анонимен, изјави дека дваесет и две лица биле приведени во источната област Малатја.
До приведувањата дојде откако безбедносните сили извршиле истовремени рации на 25 адреси во шест различни области, вклучувајќи ги Бинѓол, Ерзурум, Мерсин, Трабзон и Малатја.
Осомничените беа обвинети за користење на шифрираниот систем за комуникација „ByLock“, кој го користат припадниците на терористичката организација ФЕТО, додава изворот.
Во друга операција организирана во северната област Токат и спроведена во 17 области, вклучувајќи ги Коња, Мардин и Истанбул, како дел од истрагата за инфилтрирање на припадниците на ФЕТО во војската, беа приведени десет осомничени лица.
Овие лица беа приведени според налозите издадени за 23 лица.
Во друга истрага за военото инфилтрирање на ФЕТО приведени се петмина поранешни војници во четири различни области, вклучувајќи ги Анкара, Измир и Ширнак.
- Инфилтрирање на воздушните сили
Во централната област Ескишехир, двајца поранешни војници беа приведени како дел од истрагата за инфилтрирање на припадниците на ФЕТО во воздушните силина Турција.
Во Измир, поради обезбедување на финансиска поддршка на ФЕТО беа приведени 16 осомничени лица.
Во меѓувреме во Измир, судот осуди висок член на ФЕТО на 15 години затвор.
Лицето беше обвинет за користење на апликацијата ByLock повеќе од 1.800 пати.
Терористичката оргнанизација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, стои зад обидот за соборување на демократски избраната власт во Турција, на 15 јули 2016 година, при што загинаа 250, а беа повредени околу 2.200 лица.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, така што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и во јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт на Турција.