Müslüm Etgü
14 Февруари 2023•Ажурирај: 17 Февруари 2023
АДИЈАМАН (АА) - Осумнаесетгодишниот Мухамед Џафер Четин е спасен од под урнатините во Адијаман, јавува Анадолу.
Четин е спасен 198 часа по првиот земјотрес.
Спасувачките екипи на терен продолжуваат со операциите за пребарување и спасување.
Четин по спасувањето е пренесен во блиската болница.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш на 6 февруари, а бројни спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.