Melda Çetiner Karagöz
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
АНКАРА (АА)- На Владата на Република Турција предводена од премиерот Ахмет Давутоглу изгласана и е доверба во Големото народно собрание на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено 64 состав на Владата на Република Турција вечерва ја доби довербата во Големото собрание на Турција. Во текот на гласањето присуствуваа 509 пратеници, 315 гласаа за, додека 194 беа против. На гласањето присуствуваа и премиерот Давутоглу како и лидерот на Републиканската народна партија
(CHP) Кемал Килиџдароглу и претседателот на Партијата на националното движење (MHP) Девлет Бахчели.
Премиерот на Владата на Република Турција, Ахмет Давутоглу на 24 ноември ги објави имињата на министрите во кабинетот за време на престојниот мандат. Заменици на премиерот од денеска официјално станаа Мехмед Шимшек, Нуман Куртулмуш, Јалчин Акдоган, Јилдирим Тургул Туркеш и Лутфи Елван.
Министер за правда во 64 состав на турската влада е Бекирр Боздаг, министерка за семејство и социјална политика Сема Рамазаноглу, министер за ЕУ Волкан Бозкир, додека министер за индустрија и технологија е Фикри Исик.
Министер за труд и социјала е Сулејман Шојлу.
Министер за земјоделство, сточарство и исхрана Фарук Челик, министер за трговија и царина Булент Туфекџи, министер за внатрешни работи е Ефкан Ала, министер за развој Џевдет Јилмаз, министер за култура и туризам е Махир Унал, додека министер за финансии е Наџи Акбал. Министер за образование е Наби Авџи.
Со ресорот за одбрана ќе раководи Исмет Јилмаз, министер за водостопанство и шумарство е Вејсел Ероглу, министер за здравство е Мехмед Муезиноглу, а министер за поморство, сообраќај и комуникации е Бинали Јилдирим.
Министерка за околина и просторно уредување е Фатма Гулдемет Сари, министер за надворешни работи е Мевлут Чавушоглу, министер за економија Мустафа Елитас, а министер за природни ресурси е Берат Албајрак. Министер за млади и спорт е Акиф Чагатај Килич, пишува Anadolu Agency.