Servet Günerigök
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ДИЈАРБАКИР (АА) – Шест деца загинаа во пожар во југоисточна Турција, утринава, при пожар за кој се претпоставува дека избил поради електрична греалка, изјавија здравствените власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Други три деца се повредени во пожар во двокатница во Кулп, град на 95 километри оддалеченост од главниот град на покраината Дијарбакир.
Возраста на децата не беше веднаш достапна за јавноста.Локални извори велат дека во зградата се наоѓало верско училиште.
Повредените деца се префрлени во локалната болница на понатамошно лекување.