Mehmet Tosun
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
АНКАРА (АА) – Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, изјави денес во Анкара дека кризата во Сирија не е турско-руска криза ниту пак е криза помеѓу Русија и НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не е можно да се прикрие повредата на турскиот воздушен простор со неосновани наводи дека Турција купува нафта од ДАЕШ, со ова или со она. Кризата во Сирија не е турско-руска криза ниту е криза помеѓу Русија и НАТО. Таквото толкување за жал прерасна сега во криза помеѓу Русија и Турција“, рече Давутоглу во изјава за новинарите во Анкара во пресрет на заминувањето во посета на Турската Република Северен Кипар.
Турскиот премиер кажа дека односите помеѓу Турција и Русија се односи на взаемна корист.
„Не треба да се отвора патот на рушење на тие односи, но не може никој да очекува од Турција да прави било какви отстапки кога е во прашање заштитата на воздушниот простор или границите на копно или море. Правилата по кои постапуваат Вооружените сили се исти дене какошто беа и вчера и исти ќе останат и утре. Основна должност на војската е заштита на границата“, рече Давутоглу.