Hanife Erdinç
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
Чанаккале (АА) - Бројот на мигранти уапсени во Ајвачик, провинција на Чанаккале, кои илегално се обиделе од Турција да одат на грчкиот остров Лезбос, се зголеми на 1.300 лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Операциите претходно беа изведени во и местата Кадирга, Есмече, Јесил Лиман, Сивирче, Бадеми и Коруба, исто така и провинцијата на Чанаккале, кога беа уапсени 752 лица и тројца трговци со луѓе.
Жандармеријата во текот на на операцијата пронајде уште 548 луѓе. Во таа прилика, беше уапсено уште едно лице, осомничено за трговија со луѓе.
Притворените мигранти се по потекло од Иран, Ирак, Авганистан и Сирија. Во претходните операции беше запленето и огнено оружје, четири чамци и шест моторни чамци, а на брегот било пронајдено безживотното тело на маж.