Турција

Паркот на природата „Кочкајаси“: Место за планинарење, фотосафари, велосипедизам

Паркот, „одмор за душата“, како што многумина го нарекуваат, се простира на 252 хектари шума и е богат со различни видови растенија. Паркот на природата е оддалечен 65 километри од центарот на градот Гиресун

Gültekin Yetgin  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Паркот на природата „Кочкајаси“: Место за планинарење, фотосафари, велосипедизам Фото: Министерство за шумарство и водостопанство на Турција

Giresun

ГИРЕСУН (АА) - ЃУЛТЕКИН ЈЕТГИН - Паркот на природата „Кочкајаси“, со површина од 1.840 метри квадратни, е туристичко место во подрачјето на Гиресун, североисточна Турција, пишува Anadolu Agency (AA).

Паркот, „одмор за душата“, како што многумина го нарекуваат, се простира на 252 хектари шума и е богат со различни видови растенија. Паркот на природата е оддалечен 65 километри од центарот на градот. Граѓаните во паркот доаѓаат за да избегаат од вревата во градот и да уживаат во тишината и во погледот на прекрасниот пејсаж.

Паркот е идеално место за планинарење, возење велосипед, качување по карпи, за фотосафари, ботаничка тура, набљудување на птиците и за риболов. Се наоѓа во подножјето на Ѓоктепе (2.483 метри), Чифтејар (2.280) и Гобел (1.200).

Ертан Кудубан од Канцеларијата за шуми и води на Гиресун за АА изјави дека во паркот има 136 видови растенија од 64 семејства.

Паркот е дом и на 160 видови на 'рбетници. Според Кудубан, во рамките на паркот се наоѓа и старата црква „Киркхарман“, која го има сочувано својот оригинален изглед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.