Nilay Kar
26 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ЕРЗУРУМ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес истакна дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, предводена од страна на турските сили, во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, неутрализирани се над 4.400 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на митингот на владејачката Партија на правда и развој (АK Parti) во источната турска област Ерзурум, Ердоган рече: „Досега во Африн неутрализирани се 4.475 терористи.“
Тој нагласи дека турските сили неутрализирале и 414 терористи на ПКК во операциите што се спроведуваат во северен Ирак.
Претседателот Ердоган истакна дека во рамките на операциите за борба против тероризмот во Турција, неутрализирани се 398 терористи.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, која води вооружена кампања против турската држава уште од средината на 1980-тите години, во која се убиени околу 40.000 лица.