Hatice Şenses Kurukız,Tansel Parlak,Muhammed Gencebay Gür,Hikmet Faruk Başer,Halis Akyıldız,Ali Cevahir Aktürk
13 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Снежни врнежи го зафатија Истанбул, најмногубројниот град во Република Турција, поради што во одделни делови од градот дојде до отежнато функционирање на сообраќајот, известува Агенција Анадолија (АА).
Снежните врнежи, што траат без прекин во Истанбул од 9 март, по вечерните часови, интензивно продолжија и ова утро.
Отежнат е сообраќајот во голем број градски населби, меѓу кои се Ускудар, Умраније, Кадиќој, Бејликдузу и Есенјурт.
Во некои делови од Истанбул во вечерните часови е забележан метеж на патиштата поради снежните врнежи.
Во неколку градови на Турција претходните неколку дена прекината е наставата поради сериозните врнежи од снег.