Претседателот на Турција, Ердоган, ќе се сретне со грчкиот премиер Мицотакис
- Дирекцијата за комуникации од Кабинетот на претседателот на Турција, соопшти дека Ердоган и Мицотакис ќе разговараат за билатералните односи, за актуелните геополитички, регионални и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и руско-украинската војна.Sefa Mutlu
13 Март 2022•Ажурирај: 13 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе се состане со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, известува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Дирекцијата за комуникации од Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Мицотакис ќе разговараат за билатералните односи и за актуелните геополитички случувања и регионални и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и руско-украинската војна.