Турција

Нов модел на образование од Фондацијата „Маариф“ за турските граѓани што живеат во странство

Турската Фондација „Маариф“ започна да имплементира нов модел на центри за образование за да се зголеми бројот на турски универзитетски студенти во Европа, САД и Канада

Selma Kasap  | 09.10.2019 - Обновена : 10.10.2019
Нов модел на образование од Фондацијата „Маариф“ за турските граѓани што живеат во странство

Ankara

АНКАРА (АА) - Турската Фондација „Маариф“ започна да имплементира нов модел на центри за образование за да се зголеми бројот на турски универзитетски студенти во Европа, САД и Канада. Моментално бројката на турските универзитетски студенти во тие земји изнесува околу 3 проценти, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на турската Фондација „Маариф“, професор д-р Бирол Акгун, во изјавата за АА рече дека Фондацијата започнала со работа на 1 септември 2016 година.

Истакнувајќи дека оваа година започна третата учебна година, Акгун рече: „Пред три години немавме ниту еден ученик, денес со нашата работа на терен стигнавме до значителни резултати.“

Акгун истакна дека Фондацијата „Маариф“ има претставништва во 55 земји.

„Бројот на земји во кои се одржува наставата се зголеми на 40. Бројот на ученици во околу 300 училишта се зголеми на 33.000.“

Посочувајќи дека оваа година за првпат отвориле училишта на Балканот и Африка, Акгун нагласи:

„Романија е првата европска земја во која за првпат се запишани ученици. Во првата година запишани се 250 ученици. Оваа земја се здоби со една образовна институција во која се запишуваат ученици и од локалното население. Покрај ова, во Африка, во земјите Бурунди и Мадагаскар, исто така за првпат отворивме училишта и запишавме ученици. Во блискиот регион оваа учебна година во Багдад отворивме две нови училишта. Вкупниот број ученици во двете училишта изнесува 1.200.“

- Барање за поддршка на образованието од Турците во Европа -

Истакнувајќи дека стапката на турски деца кои посетуваат универзитети, особено во Европа, е многу ниска, Акгун рече дека во тие земји има барања за активирање на механизмите за поддршка за зголемување на таа стапка.

„Стапката на запишување на универзитети на турските граѓани кои живеат во Европа изнесува околу 2-3 проценти“, рече Акгун и додаде.

„Причините за ова е несоодветноста на услугите за социјална поддршка и советување. За да најдеме решение за овој недостаток, како Фондација „Маариф“ создадовме нови модели на образование. Во секоја земја ќе формираме 1-2 центри за образование. Тие центри ќе ги поддржиме со книги на турски јазик. Преку курсеви кои ги подржуваат училишните предмети ќе ги поддржиме децата иселеници. Во образовните центри исто така ќе ги задоволуваме и потребите на турските деца во Европа во однос на културата, јазикот и идентитетот. Нашите први центри за образование ги отворивме во Стразбур и Австрија. Има голем интерес за овие центри. Во моментов, околу 450 наши студенти го посетуваат Центарот во Австрија. До крајот на годината ќе отвориме центри во уште две земји во Европа.“

Акгун изјави и дека сакаат да отворат образовни центри во Германија, Франција, Австрија, Белгија и Канада каде што популацијата на турски граѓани е голема.

Истакнувајќи дека своите образовни активности во странство ги спроведуваат во консултација со релевантните министерства, амбасади и конзулати, Акгун рече: „Нашата прва цел е Европа, САД и Канада, поточно места каде што живеат голем број турски граѓани. Не сакаме нашите млади да се оддалечат од турската култура и турскиот јазик.“

Бирол Акгун, исто така истакна дека почнале да отвораат студентски домови за турските студенти кои заминуваат во странство за магистерски и докторски студии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.