Mümin Altaş
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 9 терористи се неутрализирани во подрачјето на операцијата „Канџа“ во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се нагласува: „Продолжуваме со операциите врз терористите во северниот дел на Ирак. Вкупно 9 терористи на ПКК се неутрализирани од нашите херојски командоси, 4 во областа на операцијата ‘Канџа-1‘, 3 во ‘Канџа-Катанец“ и 2 во регионот ‘Канџа-Тигар‘. Одлучно ги продолжуваме нашите операции.“
Операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ Турција ги започна во пограничните региони на северен Ирак во 2020 година, со цел да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите.
Терористите на ПКК се кријат во северен Ирак од каде планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.