Associated Press
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
КАМПАЛА (АА) - Најмалку 9 лица загинаа во стампедо за време на новогодишната прослава во Уганда на популарен централен плоштад во Кампали, главниот град на Уганда. Меѓу загинатите има и деца, соопшти денес полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стапмедото се случило во трговскиот центар „Фридом сити“ во предградието Намасубе, кога насобраните потрчале да го следат огнометот.
Заменик-портпаролот на полицијата во Кампали изјави дека инцидентот се случил по полноќ, „кога водителот на програмата ги поттикнал присутните да излезат надвор и да го погледнат огнометот“.
Полицијата соопштила дека петмина починале на самото место, а четворица повредени им подлегнале на повредите во болница.