Cem Genco
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
ХАТАЈ (АА) - Најмалку 33 осомничени припадници на терористичките организции ПКК/КЏК и ДЕАШ се приведени во областа Хатај во југоисточна Туркије, соопштија денес локалните власти, известува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на гувернерот на областа соопшти дека локалната полиција извршила антитерористичка операција низ турската област Хатај со цел да се фатат осомничените кои се претходно идентификувани.
Во текот на операцијата, полицијата привела 16 осомничени припадници на терористичките групи ПКК/КЏК и 17 осомничени припадници на ДЕАШ.
Полицијата при претресот на просториите заплени два револвери, сачмарка, дрога и документација.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.
Во 2013 година, Туркије стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш во земјата беа изведени повеќе напади од терористичката организација во коишто загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.
Како одговор Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи идни напади.