Ekipa
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
МАРДИН (АА) - Двајца цивили го загубија животот, а 12 се повредени во нападот со минофрлачи и ракети врз цивилите од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во подрачјето на Кизилтепе, во југоисточната турска област Мардин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Извор на мирот“, која Турција ја започна со цел да се уништи обидот за формирање терористички коридор долж јужната граница на Турција и да се воведе мир и благосостојба во регионот, продолжува.
Од област под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија беше извршен минофрлачки напад врз цивилите во населеното место Ташлиџа и Отлук, во руралното подрачје на Кизилтепе.
Во соопштението од Гувернерството е потврдено дека двајца цивили го загубиле животот, а 12 цивили се повредени во нападот со минофрлачи и ракети врз цивилите од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Според соопштението, повредените се пренесени во државните болници во Кизилтепе и Мардин.