Музичар со оштетен вид, кој наоѓа утеха во своите композиции, има цел да издаде албум
- Синтисајзерот во еден агол во домот за него станало многу повеќе од инструмент
АНТАЛИЈА (АА) - Орхан Сејфи Озтурк, кој живее во градот Аланија, во турската покраина Анталија, има 95 проценти оштетен вид, а со помош на музиката со која се запознал на 17-годишна возраст неговиот живот добил нова цел.
Музичкото патување на 58-годишниот Озтурк, кој живее во населбата Оба, започнало со електронската оргула што му ја подарил брат му. Уште од првиот допир со инструментот, Озтурк почнал да создава мелодии за кои подоцна пишувал и текстови.
Синтисајзерот во еден агол во домот за него станало многу повеќе од инструмент.
Досега има подготвено вкупно 45 дела, за кои ги напишал текстот и музиката, а најголем сон му е да издаде албум и да го продолжи животот како професионален композитор. Најголема поддршка во процесот на творење добива од двете сестри со кои го дели домот, а своите песни ги споделува на социјалните мрежи за да стигнат до пошироката публика.
- „Благодарение на подарениот синтисајзер повторно почнав да компонирам”
Озтурк, кому музиката му е центар во животот, за Анадолу изјави дека долго време вложувал напори да го оствари сонот да издаде албум, но во текот на процесот доживеал и разочарувања.
Озтурк раскажа дека во еден период бил на раб да се откаже од музиката и додаде: „Многу се трудев да издадам албум, но не го добив посакуваниот резултат. За мене музиката дојде до точка за крај. Но благодарение на подарениот синтисајзер, повторно почнав да создавам, да свирам и да пишувам текстови.“
Нагласувајќи дека нема формално музичко образование, Озтурк истакна дека има романтична и емотивна природа.
Тој спомена дека инспирацијата за своите композиции ја црпи од вистински животни приказни, обидувајќи се да ги спои текстот и музиката на класичните песни во неокласична форма.
Озтурк, кој вели дека редовно објавува по едно дело месечно, додаде: „Во моментов единствена цел ми е да издадам албум и да го продолжам животот како композитор.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
