Музеј што ја претставува кафе-културата на Анадолија за две години го посетиле околу 50 илјади посетители
Во музејот се изложени ѓезвиња, филџани, рачни мелници, тави за печење кафе, ваги, дрвени лажици, бокали за вода и садови за шеќер, користени во османлискиот и во периодот на републиката
АДАНА (АА) – Музејот „Кафе Еви“, отворен со цел промоција на богатата кафе-култура на Анадолија во областа Сејхан во Адана, за две години бил посетен од речиси 50 илјади луѓе, јавува Анадолу.
Музејот, кој во јануари 2024 година беше отворен од Општина Сејхан во маалото Тепебаг, едно од најстарите населени места во градот, нуди увид во долгата историја на кафе-културата во Анадолија.
Поставката е создадена со дела и предмети собрани од сликарот и скулптор Шахин Паксој и дизајнерката и писателка Ѓонул Паксој, а особено го привлекува вниманието на љубителите на кафе.
%2FNew%20folder%20(7)%2F20260120_2_72578802_121361426.jpg)
Во музејот се изложени ѓезвиња, филџани, рачни мелници, тави за печење кафе, ваги, дрвени лажици, бокали за вода и садови за шеќер, користени во османлискиот и во периодот на републиката.
Од отворањето досега музејот „Кафе Еви“ примил околу 50 илјади посетители и може да се посети бесплатно секој ден од 08:00 до 17:00 часот.
%2FNew%20folder%20(7)%2F20260120_2_72578802_121361409.jpg)
- „Со зголемувањето на препознатливоста, расте и бројот на посетители“ -
Директорот на Секторот за култура, уметност и социјални работи во Општина Сејхан, Утку Аринч, за АА изјави дека целта на музејот е зачувување и промоција на културата на турското кафе.
Тој посочи дека посетителите имаат можност да разгледаат голем број историски предмети поврзани со подготовката и пиењето кафе.
„Во музејот има садови и алатки за мелење и варење кафе, авани, садови за ладење, филџани и ѓезвиња. Изложени се повеќе од илјада експонати, а познато е дека дел од нив датираат од пред околу 200 години“, рече Аринч.
Истакнувајќи дека турското кафе привлекува интерес кај домашните и странските туристи, Аринч додаде:
„Со зголемувањето на препознатливоста и видливоста на музејот, се зголемува и бројот на посетители. Сметаме дека наредните години музејот ќе ја добие вредноста што ја заслужува. Особено за време на Меѓународниот карневал на цветот од портокал и Фестивалот на вкусови, домашните и странските туристи што доаѓаат во нашиот град го посетуваат музејот и заминуваат многу задоволни.“
%2FNew%20folder%20(7)%2F20260120_2_72578802_121361427.jpg)
Аринч им се заблагодари на гувернерството, Агенцијата за развој на Чукурова, како и на Шахин и Ѓонул Паксој за поддршката на проектот.
- „Ве враќа во минатото“ -
Една од посетителките, Фејза Кутлубај, изјави дека музејот ѝ оставил силен впечаток.
„Местото е прекрасно, ве враќа во минатото. Ме потсети на домовите на нашите постари. Убаво е да се потсетиме на минатото. Мислам дека ова е место што секој треба да го види“, рече таа.
И Оја Џерит Тујлуџе истакна дека во музејот имала можност да види многу предмети поврзани со кафе-културата за кои претходно не знаела.
