Турција

Могерини и Хан на 22 ноември во посета на Анкара

Од Канцеларијата за надворешни работи на ЕУ наведуваат дека Могерини и Хан ќе присуствуваат на состанокот за политички дијалог на високо ниво меѓу Европската Унија и Турција.

Yusuf Hatip  | 16.11.2018 - Обновена : 18.11.2018
Могерини и Хан на 22 ноември во посета на Анкара

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Федерика Могерини, и европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, на 22 ноември ќе престојуваат во посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Канцеларијата за надворешни работи на ЕУ наведуваат дека Могерини и Хан ќе присуствуваат на состанокот за политички дијалог на високо ниво меѓу Европската Унија и Турција.

По состанокот во Анкара ќе биде одржана заедничка прес-конференција.

Од Министерството за надворешни работи на Турција соопштуваат дека турската делегација на состаноците во Анкара ќе ја предводи министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, а тема на разговорите ќе биде процесот за членство на Турција во ЕУ, но и теми од економијата, трговијата, енергетиката, царината, безбедноста, борбата против тероризмот, миграции, безвизен режим и друго.

Во соопштението се наведува дека во текот на средбата ќе стане збор и за случувањата на Балканот, Сирија, Ирак и Блискиот Исток, како и за други регионални и глобални прашања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.