Barış Gündoğan
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА
Министер за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна: „Им ја честитаме победата на нашите браќа Азербејџанци кои се бореа да ги ослободат своите сопствени територии што беа окупирани речиси 30 години и да им стават крај на варварските напади на Ерменија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Акар на социјалните мрежи преку профилот на Министерството објави соопштение во врска со декларацијата за крајот на окупацијата на Ерменија во Нагорно Карабах.
Хулуси Акар во објавата го наведе следното:
„Им ја честитаме победата на нашите браќа Азербејџанци кои се бореа да ги ослободат своите сопствени територии што беа окупирани речиси 30 години и да им стават крај на варварските напади на Ерменија. Ќе продолжиме да бидеме обединети со нашите драги азербејџански браќа во процесот на воспоставување на мир и спокој во регионот, во исполнувањето на условите според потпишаниот договор за прекин на огнот и во враќањето на сите окупирани територии на Азербејџан.“