Sarp Özer
27 Ноември 2022•Ажурирај: 27 Ноември 2022
ХАКЌАРИ (АА) - Министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, во придружба на командниот врв на Вооружените сили на Туркије (ТСК), ги посети единиците на границата со Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар рано утринава, по ноќта мината во Командниот оперативен центар на Копнените сили, ја обиколи границата со Ирак.
Во придружба на Акар беа началникот на Генералштабот на турската Армија, генералот Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, генерал Муса Авсевер, командантот на Поморските сили, адмирал Ерџумент Татлиоглу, и командантот на Воздухопловните сили, генерал Атила Ѓулан.
По слетувањето на аеродромот „Салахудин Ејуби“ во Јуксекова, Хакќари, Акар, со командниот врв на турската војска премина во Командата на 3. Пешадиска дивизија.
Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април за елиминирање на засолништата на терористичката организација ПКК во регионите Метина, Зап и Авашин-Басјан, во северниот дел на Ирак, што се наоѓаат блиску до турската граница.
На оваа операција ѝ претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнати во 2020 година за искоренување на терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Туркије.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.