Tevfik Durul
24 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Турско-германскиот универзитет е пример за билатералната соработка и симбол на турско-германското партнерство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на работната посета на Истанбул, канцеларката Меркел присуствуваше на свеченото отворање на новиот објект на Турско-германскиот универзитет, а на церемонијата присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Таа истакна дека Турско-германскиот универзитет нуди можност за напредување на студентите и нивните заедници, и додаде дека студентите од таа високообразовна установа придонесуваат и за јакнењето на соработката меѓу двете земји.
Меркел во обраќањето на присутните исто така истакна дека мостовите во образованието и дијалогот на невладиниот сектор се важни за политичките и меѓудржавните односи, и додаде дека турско-германската соработка во областа на науката датира далеку во минатото.
„Помошта која Турција во моментот ја пружа на милиони Сиријци заслужува наша благодарност и восхит“, изјави Меркел, и додаде дека таа помош претставува важен фактор за иднината, бидејќи истите тие Сиријци по враќањето во своите домови биле потенцијална придвижувачка сила за обнова на Сирија.
Германската канцеларка за особено важна ја истакна помошта која Турција ја пружа во образованието на сириските бегалци и најави дека Германија и Европската Унија и понатаму ќе ги поддржуваат тие проекти.
Турско-германскиот универзитет со работа започна од 2013 година, а денеска свечено е отворен новиот кампус.
Меркал изјави дека планот по отворањето на кампусот е на тој универзитет да студираат 5.000 студенти.
„Науката и образованието имаат придвижувачка улога во искажувањето на човековата креативност и слобода“, порача Меркел.