Süleyman Elçin,Ayşe Yıldız
24 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека терористичката организација ПКК, за време на окупацијата, Африн го претворала во најголем светски центар на дрога, а дека тоа е спречено со ослободителната операција на Турските вооружени сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето на собирот за борба против производство и криумчарење на дрога во Анталија, Сојлу предупреди дека со војните на Блискиот Исток се предизвикани нестабилност и социјална нееднаквост, а дека со насилството и тероризмот се поттикнуваат криумчарење на дрога и миграции.
„Турција, да не ја извршеше операцијата „Маслинова гранка“, ПКК регионот би го претворил во најголем светски центар за дрога. Тоа се темелни показатели со какви процеси и предизвици сме соочени“, изјави Сојлу.
Тој остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави (САД) и некои европски земји поради поддршката на ПКК која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ.
„Тие ги критикуваат и им помагаат на терористите на ПКК. Со години декларативно тврдат дека се терористи, но не се двоумат да им пружат поконкретна финансиска, вооружена поддршка и помош во сокривање на бегалците. Тие се лажат што мислат дека ПКК нема на нивното тло да спроведува вооружени терористички активности, па го занемаруваат и нивниот наркотероризам“, порача Сојлу.
Нагласувајќи дека турските безбедносни сили одлучно се борат против криумчарење на дрога на сите места, Сојлу изјави дека во изминатите две години во Турција е забележано значајно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со дрога.
„Направивме големи исчекори со антитерористичките операции на терен. За време на 2016 година спроведовме 81.000 таква операција, а потоа две години спроведувавме по 140.000 антитерористички акции. Минатата година спроведовме 148.000 операции. Потребно е да се задржи тој тренд и да не се откажеме од борбата. Во текот на 2016 година се уапсени 7.841 осомничено лице, а минатата година уапсивме 25.619 лица.“