Турција

Луксузната јахта „Flying Fox“ усидрена во турскиот град Мугла

Јахтата со ознака на Кајманските Острови, која е долга 136 и широка 21 метар, поради земање 200.000 литри гориво е усидрена во пристаништето во Фетије

Ali Rıza Akkır  | 17.08.2019 - Обновена : 18.08.2019
Луксузната јахта „Flying Fox“ усидрена во турскиот град Мугла (Foto: Ali Rıza Akkır/ AA)

МУГЛА (AA) - Луксузната мегајахта „Flying Fox“, која е меѓу 20-те најголеми јахти во светот, усидрена е во местото Фетије, во западната турска област Мугла, јавува Anadolu Agency (AA).

Јахтата со ознака на Кајманските Острови, која е долга 136 и широка 21 метар, поради земање 200.000 литри гориво е усидрена во пристаништето во Фетије.

Изнајмување на јахтата „Flying Fox“ за седум дена изнесува повеќе од милион долари, а јахтата има и две писти за хеликоптер, базени, спортски сали, базени за водени спортови, кино-сали и други можности.

Медиумите наведуваат дека станува збор за јахта вредна околу 400 милиони долари, и дека му припаѓа на извршниот директор и сопственик на „Амазон“, Џеф Безос.

Не е познато кој моментално се наоѓа на јахтата, ниту во кој правец ќе го продолжи патот од Мугла.

Јахтата „Flying Fox“ во Мугла е усидрена во почетокот на јули оваа година, по што во повеќе наврати е забележана на бреговите на тој турски град.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın