Ali Kemal Akan
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Додека трае седницата на Советот на министри, вицепремиерот на Турција и портпарол на владата, Нуман Куртулмуш, даде изјава во врска со дневнополитичките настани, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Куртулмуш ја истакна одлучноста на Турција по прашањето за Мунбич:
„Одлучноста на Турција по прашањето за Мунбич вчера отворено му ја кажавме и на началникот на Генералштабот на армијата на САД. Ја истакнавме потребата за одржување на дадениот збор и колку што е можно порано ПЈД да го испразни Мунбич. На средбата беше кажано дека Турција е подготвена по прашањето за Мунбич, но беше наведено дека една од стратешките приоритети за учество на Турција е ПЈД да го напушти градот Мунбич. Потсетивме дека беше слична ситуацијата и за Ел Баб. За да не дојде до поинаков развој на настаните, на заинтересираните страни им ги приложивме барањата“.
Испраќање војници на границата
За испраќањето војници на турската граница, што сѐ уште трае, вицепремиерот Куртулмуш изјави:
„Испраќањето војници на турската граница што се случува во последниве денови, е дел од чекорите што Турција ги презема како можни мерки на претпазливост. Затоа сакаме да кажеме дека преземањето на градот Рака, кој во потполност е арапски град, од страна на неарапски елементи коишто потоа би раководеле со градот, претставува чекор кој нема да придонесе за мир во регионот“.
„Залудни се напорите за олеснување на товарот на ПКК“
Вицепремиерот Куртулмуш потсети на тврдењата дека одговорноста за нападот во Дијарбакир ја презеде ДЕАШ: „Додека сѐ уште се издигаше дим од местото на настанот во Дијарбакир, додека сѐ уште чадеа бомбите, се појави вест во една меѓународна информативна агенција дека ДЕАШ е извршител на бомбашкиот напад, сѐ со цел да се тргне одговорноста на ПКК. За жал, залудни се напорите за олеснување на товарот на ПКК“.
„Не ќе имаа основа за пишување на оваа декларација“
Во врска со декларацијата што ја упати Советот на партијата ЏХП, Куртулмуш нагласи: „Изјавата: ‘Соработувате со овие организации’ е најголемата неправда кон една политичка делегација што се спаси од смртта, а првенствено кон претседателот на Турција. Доколку членовите на предавничката банда успееја да ја остварат својата цел на 15 јули, тогаш веројатно немаше да биде жив претседателот на Турција, можеби и ние немаше да бидеме живи, но почитуваниот Киличдароглу и пријателите од ЏХП треба да знаат дека во тој случај, не ќе имаа основа за пишување на оваа декларација“.