Ekip
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - На церемонијата на јавно отворање електрични централи, во Културниот и конгресен центар во Бештепе, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган одржа говор во кој истакна: „Во Аккују, во Мерсин, во тек е изградбата на нуклеарна централа, која планираме да ја пуштиме во употреба во 2023 година. Продолжуваат работите околу нуклеарната централа во Синоп, а во подготовки сме за трета нуклеарна централа. Одлучни сме да ги завршиме трите проекти и да ги пуштиме во употреба“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зад сите овие организации стојат различни сили, поддржувачи и проекти“
„Борбата со тероризмот и победата над нив, за нас е многу лесна работа“, рече Ердоган и додаде: „Но можете да ја забележите реалноста. Пред нас не стои само ПКК со 3 до 5 илјади терористи, наспроти нас не стои ДЕАШ, кој има одреден број терористи, пред нас не стои само ФЕТО сочинет само од предавници, спроти нас не стои само ДХКП - Џ, која во својот состав има само неколку стотици милитанти. Зад сите овие организации стојат различни сили, поддржувачи и проекти“.
„Голем број земји водат непријателска политика кон Турција“
„Многу земји од регионот водат непријателска политика кон Турција: ‘Турција не се крена на нозе, Турција нека не го исправи грбот, нека не се издига над нивото на современа цивилизација’. Вие и да сакате и да не сакате, ние ќе се издигнеме над нивото на современата цивилизација“, рече турскиот претседател Ердоган за односот на другите земји кон Турција.
„ПЈД е една терористичка организација, огранок на ПКК и ЈПГ. Покрај сите овие очигледни факти, вие сѐ уште ги заштитувате, велејќи: ‘Терористичката организација ДЕАШ ќе ја уништам со друга терористичка организација’. Се извинувам, но никој во светот нема да ви поверува во тоа. Утре светот може да стане цел на истата организација“, рече Ердоган во врска со терористичката организација ПЈД.