Турција

Кападокија под снежна покривка

Голем број туристи го искористија времето за да уживаат во зимските радости, фотографирање и правење грутки од снег.

Behçet Alkan  | 07.12.2018 - Обновена : 09.12.2018
Кападокија под снежна покривка  (Fotoreporter: Sercan Küçükşahin/ AA)

Nevsehir

НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, во општина Ѓореме, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, каде што се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите краеви на светот, е прекриена со снежна покривка, јавува Anadolu Agency (AA).

Кападокија се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Голем број туристи го искористија времето за да уживаат во зимските радости, фотографирање и правење грутки од снег.

Ченг Меи Линг од Кина не го криеше воодушевувањето од убавините на Кападокија.

„Во Турција сум прв пат. Покрај географските убавини тука се и луѓето, кои се многу гостопримливи. Уживање е да се шета по снегот. Повторно ќе ја посетам Кападокија“, изјави Линг.

Инаку, временските услови дозволуваат на тоа подрачје да може да се вози со балон околу 300 дена годишно. Во градот Ѓореме живеат околу 2.100 жители. Се случува наутро на небото да летаат и до 100 балони. Во секој балон може да се возат до 20 лица. Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.

Додека геолошките движења формираа бели самовилски оџаци, луѓето во текот на историјата оставија траги од сопствените цивилизации, градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек-дела на цивилизацијатa.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.