Duygu Yener
20 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, изјави дека неговата земја отсекогаш била во добри односи со Германија, и оти сака да продолжат добрите односи, но тоа треба да биде во рамките на заемна почит и во заеднички интерес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој да не мавта со прст прекорувајќи ја Турција, без разлика дали тоа го прави од Европа или од некое друго место во светот. И оваа земја има правила, има закони. Имаме одредени грижи кога станува збор за безбедносните прашања. Кога Европјаните безбедноста на Турција би ја гледале како дел од сопствената безбедност, би ја направиле нешто рационално“, рече Калин.