Aynur Ekiz
17 Мај 2018•Ажурирај: 18 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, во врска со Вонредниот исламски самит, кој ќе се одржи утре во Истанбул со присуство на претседатели и премиери на земјите членки на Организацијата за исламска соработка, истакна дека на овој самит исламските земји ќе се фокусираат на чекорите што ќе ги направат и ставот што ќе го покажат за солидарност и соработка со палестинската држава и нејзиниот народ, со цел заштита на каузата на Палестина и Кудс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин преку писмено соопштение даде информации околу Самитот на исламска соработка кој ќе се одржи во Истанбул.
Калин нагласи дека утре во Истанбул ќе се одржи Вонредниот исламски самит со присуство на претседатели и премиер на земјите членки на Организацијата за исламска соработка, чиј домаќин ќе биде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како председавач на самитот на Организацијата за исламска соработка, каде што ќе се разговара околу последните настани предизвикани по спроведување на одлуката на САД, кои прекршувајќи го меѓународното право ја преместија Амбасадата во Кудс, како и за масакрирањето на невините Палестинци кои одржаа мировни протести во Газа.
Калин рече дека исламските земји на самитот ќе разговараат и за чекорите што ќе се направат и ставот што ќе се покаже за солидарност и соработка со палестинската држава и нејзиниот народ, со цел заштита на каузата на Палестина и Кудс.
„Окупацијата на Израел и палестинското прашање не е прашање само на муслиманските земји, туку е заедничко прашање на сите што веруваат во правда и право. На самитот ќе се разговара и за чекорите кои ќе се направат во насока на мобилизирање на светската јавност, со цел ставање крај на суровоста во Палестина“, додаде Калин.