Sorwar Alam
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција со сите можни средства и понатаму ќе биде со Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе продолжиме да стоиме зад нашите палестински браќа, не само со нашите срца, туку со сите средства со кои располагаме. Ние никогаш нема да дозволиме Израел да го узурпира Ерусалим", рече Ердоган во говорот на ифтар во Анкара со семејствата на страданите турски војници (шехиди).
Остро ги критикуваше и Обединетите нации (ОН) што не превземаа ништо по израелската бруталност против Палестинците во Газа.
„ОН се истрошени, исцрпени, срушени. Еве во моментот не можеме да дојдеме до генералниот секретар на ОН иако со него сум во во добри односи", рече турскиот претседател.
Тој предупреди дека светот ќе биде втурнат во вистински хаос, ако продолжи молкот пред постапките на Израел против Палестинците.
„Ако продолжи молкот за тиранијата што ја прави Израел, светот ќе биде втурнат во хаос во кој ќе владее разбојството", заклучи Ердоган.
Израелските сили убија 62, а повредени најмалку 3.000 Палестинци кои учествуваа во масовните демонстрации организирани во знак на протест поради преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) и во знак на сеќавање на Накба (Големата катастрофа).