Nilay Kar,Burcu Arik
17 Мај 2018•Ажурирај: 18 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турција, ротирачкиот претседавач на Самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС), која се состои од 57 земји-членки, ќе биде домаќин на итниот состанок кој ќе се одржи утре, а на кој ќе се разговара за заедничка акција против Израел во пресрет на неодамнешните убиства во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Самитот во Истанбул, свикан од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се очекува да се даде силна порака против израелското насилство, во кое беа убиени најмалку 62 Палестинци (најмладата жртва е осуммесечно бебе) за време на масовните протести кои се одржуваа во источниот дел на границата на Газа .
На Самитот се очекува да учествуваат голем број лидери на земјите и владите, меѓу кои палестинскиот премиер Рами Хамдалах, кралот Абдула II од Јордан, иранскиот претседател Хасан Рохани, авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кувајтскиот емир Сабах ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах и мавританскиот претседател Мохамад Велед Абдулазис.
Се очекува дека состанокот ќе им помогне на муслиманските лидери да покажат посветен и заеднички став против израелските дејства. Конечната декларација ќе биде објавена по собирот.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и вчера.
Во осудите што пристигнуваат од светот, меѓу останатото е наведено и дека прекумерната сила е недопустлива во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа на 70-годишнината од Накба, односно, по повод масовниот прогон на овој народ.