Yıldız Nevin Gündoğmuş
11 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
АНКАРА
Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Република Труција, Ибрахим Калин, рече дека не го заборавиле и нема да го заборават геноцидот во Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин на Твитер упати порака по повод одбележувањето на 24. годишнина од геноцидот во Сребреница.
„На денешен ден, пред 24 години, во геноцидот во Сребреница, пред очите на целиот свет убиени се повеќе од 8.000 невини луѓе. Нека е Божјата милост на шехидите. Не забоавивме и нема да го заборавиме овој геноцид, оние кои го извршија, поддржаа и оние кои го надгледуваа“, напиша Калин.
Во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари, пристигнуваат семејствата на жртвите на геноцидот извршен во јули 1995 година, кои денеска ќе присуствуваат на погребната молитва и закопот на посмртните останки на 33 новоидентификувани жртви.
Од утринава семејствата се простуваат од најмилите, по кои трагале 24 години.
Во геноцидот врз Бошњаците во Сребреница во 1995 година извршен од страна на војската на Република Српска, која доби помош од логистички формации на Србија, беа убиени најмалку 8.372 цивили.