Турција

Калин: „Израел се обидува да ја легализира окупацијата“

Во колумната, насловена „Израелскиот Нацрт-закон е расистички“, за весникот „Дејли Сабах“ портпаролот на турското Претседателство изјави дека донесувањето на законот Израел се гледа себеси над меѓународниот закон

Cansu Dikme  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Калин: „Израел се обидува да ја легализира окупацијата“

Ankara

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, денес се осврна на неодамна усвоениот Закон на Израел за „еврејска држава-нација“, окарактеризирајќи го како обид за легализирање на окупацијата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во неговата колумна, насловена „Израелскиот Нацрт-закон е расистички“, за весникот „Дејли Сабах“ Калин изјави дека ваквиот закон е знак дека Израел се гледа себеси над меѓународниот закон.

„Со целосна поддршка од администрацијата на Трамп, Владата на Нетанјаху бесрамно се обидува да ја легализира окупацијата и да го антагонизира целиот муслимански свет“, напиша Калин во својата колумна.

Израелскиот Парламент (Кнесет), со 62 гласа „за“ и 55 „против“, го усвои Нацрт-законот кој Израел го дефинира како „еврејска држава-нација“, а кој предизвика големи полемики и критики во тој регион.

Опишувајќи го како расистички, тој изјави дека Законот го претставува официјалниот систем на апартхејдот, и додаде: „Ова е последен клинец на ковчегот на дводржавното решение.“

Со спорниот закон, хебрејскиот јазик е прогласен за единствен официјален јазик, додека арапскиот го изгуби тој статус. Се охрабрува изградбата на еврејските населби и цел Ерусалим (Кудс) се прогласува за главен град на Израел.

„Ова е уште една шлаканица за меѓународната заедница и резолуциите на ОН со кои се отфрла нелегалната окупација на Ерусалим (Кудс) и палестинската земја“, рече Калин.

Исто така, осврнувајќи се на забелешките на Нетанјаху во израелскиот Парламент, Калин изјави дека тие претставуваат признавање на ционистичкиот проект, кој ќе продолжи на сметка на животот, земјата и слободата на палестинскиот народ.

По усвојувањето на Нацрт-законот, Нетанјаху во Кнесетот изјави: „Ова е одредувачки момент во аналите на ционизмот и историјата на државата Израел.“

Велејќи дека законот има за цел бришење на палестинскиот народ од неговата татковина, и физички и законски, Калин го повика светот да го отфрли Законот.

„Сите земји, заедници и застапувачки групи кои веруваат во легално, морално и историско фер решение за израелско-палестинскиот конфликт, треба да ги здружат силите против бранителите на расизмот и апартхејдот“, заклучи Калин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.