Ali Murat Alhas
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот суд денеска осуди 47 обвинети на отежната доживотна казна затвор поради настаните кои се случија во Воената академија за време на неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот за тешки кривични дела бр. 24 во главниот град Анкара на 19 обвинети им додели отежната доживотна казна затвор, додека доживотна затворска казна добија останатите 28 обвинети.
„Поранешниот бригадир Керим Акар, тогашниот декан на Воената академија, се наоѓа меѓу оние кои добија отежната доживотна казна затвор“, соопштија извори кои зборуваа под услов на анонимност.
Судот, исто така, осуди 113 лица на различни затворски казни во траење од 7 до 15 години.
Вкупно 94 лица се ослободени во случајот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.