Турција

Истанбул ТЕКНОФЕСТ за првпат ги отвори вратите за посетителите

Организатори на ТЕКНОФЕСТ се Фондацијата „Тим за технологија на Турција“ и Општина Истанбул. Anadolu Agency (AA) е глобален медиумски партнер. Фестивалот ќе се одржи на третиот истанбулски аеродром.

Sefa Mutlu, Zeynep Rakipoğlu  | 20.09.2018 - Обновена : 21.09.2018
Истанбул ТЕКНОФЕСТ за првпат ги отвори вратите за посетителите

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска во Истанбул за првпат се отвораат вратите на Фестивалот Истанбул ТЕКНОФЕСТ за воздухопловство, вселенска програма и технологија јавува Anadolu Agency (AA).

Организатори на ТЕКНОФЕСТ се Фондацијата „Тим за технологија на Турција“ (T3) и Општина Истанбул. Anadolu Agency (AA) е глобален медиумски партнер. Фестивалот се одржува на најновиот трет истанбулски аеродром.

Во рамките на фестивалот планирано е да се одржат низа технолошки презентации и натпревари. Овие натпреварувања ќе се одржат во вкупно 12 категории, во соработка со турскити компании „Aselsan“, „Baykar“, BMC, IGA, ISBAK, „Roketsan“, TAI, TUBITAK и „Turksat“.

Низ наведените натпревари ќе бидат претставени технолошки производи, како што се беспилотни летала, беспилотни копнени возила кои имаат поддршка од беспилотни летала, беспилотни подводни системи, ракетни системи, како и достигнувањата во областа на сателитската технологија и во роботиката.

Организаторите наведуваат дека цел на натпреварувањата е да им се даде поддршка на младите во работата на проекти од областа на технологијата. На фестивалот ќе учествуваат 750 тимови, со вкупно 2.000 натпреварувачи.

Во текот на фестивалот ќе бидат одржани и перформанси на акробатскиот тим на Турските воздухопловни сили „Турски ѕвезди“, потоа тимот „Соло Турк“ и бројни акробациски тимови од други земји. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат изложените авиони од различни типови и големини.

Организаторот на ТЕКНОФЕСТ се погрижи фестивалот да ѝ понуди нешто и на најмладата популација. За таа цел ќе бидат одржани технолошки работилници и обука за деца, во чии рамки ќе бидат прикажани 3Д-принтери. Посетителите секоја ноќ за време на фестивалот ќе имаат можност да уживаат во еден од организираните концерти.

Турската вселенска и воздухопловна индустрија (TAI) се погрижи посетителите за време на фестивалот да имаат можност виртуелно да ги погледнат хеликоптерите и авионите од турско производство, чии проекти се финализирани или се во тек. На тој начин, посетителите со виртуелен приказ ќе можат во реална големина да ги видат најзначајните производи на Турција во оваа област.

Истанбул ТЕКНОФЕСТ ќе трае до 24 септември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.