НИГДЕ (АА) - Поранешниот член на турската војска и обвинет член на терористичката организација ФЕТО, полковник Ибрахим Ташкин, на судењето се покаја за учеството во обидот за државен удар на 15. јули 2016 година во Турција и го раскажа уредувањето на војната структура во ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ташкин е обвинет за уривање на уставниот поредок во Турција, за членство во вооружена терористичка организација и фалсификување на лични документи. Судот го прифати каењето на обвинетиот Ташкин кој раскажа како бил регрутуран во редовите на ФЕТО уште од неговите средношколски денови во военото училиште и начинот на кој ФЕТО ги регрутира потенцијалните членови и на кој начин ФЕТО вршел притисок врз поединци.
Ташкин во 1983 година го завршува средното воено училиште, по што успева да се запише во воената академија за копнени сили. Тој рече дека доаѓа од семејство во кое религијата активно живее.
Кога бил на третата година на воената академија, се запознал со член на ФЕТО. Таа личност му рекла дека е погрешно тоа што отворено ја покажува својата религија, односно дека ги извршува дневните молитви, што може да биде причина еден ден да биде исфрлен од академијата.
Ташкин рече дека до крајот на школувањето, викендите ги минувал во становите на ФЕТО.
„Се собиравме во становите во кои живееја колегите од универзитетот. Во почетокот таму само се молевме и читавме Куран, за да подоцна да почнеме да ги слушаме касетите на Фетула Ѓулен. Управникот, т.е. 'аби' (постар брат) ни повторуваше дека никако не смееме отворено да ја прикажуваме својата религија, за да не бидеме разоткриени. Тој ни зборуваше дека е потребно во своето однесување да се обидеме да се прикажеме како националиста. Ни зборуваше дека молитвите можеме да ги извршуваме кога сакаме, со очи, а да не бидеме приметени од останатите”, појасни Ташкин.
Тој зборуваше дека организацијата го следела и по завршувањето на воената академијата, во Хатај, и константно вршела притисок врз неговиот семеен живот.
„Во Хатај продолжив да бидам во контакт со организацијата. Бидејќи не се придржував до тоа што ми го препорачуваа за криење на религијата, ми зборуваа дека ќе бидам казнет. Во тоа време и се оженив. Иако мојата сопруга беше покриена според муслимански правила, од организацијата постојано пристигнуваа притисоци и инсистирања да ја тргне марамата од глава. Еден ден ми дојде личност која ми кажа дека ако продолжам јавно да ја прикажувам својата религија и сакам да останам жив, тогаш нема потреба отворено да ја манифестирам својата религија. Ми беше кажано дека можам да консумирам алкохол, бидејќи и самиот консумирал алкохол. Тој ми рече дека доколку не постапам според неговите наредби, моите документи се подготвени и ќе бидам отпуштен од воената служба”, рече Ибрахим.
Ташкин сѐ и раскажал на сопругата, по што она се сложила да ја симне марамата, за Ташкин да не ја загуби работата. Години подоцна сватил колку е силна организацијата, кога се сретнал до колегата, кој му рекол дека е зачуден што Ташкин сѐ уште работи во војската, бидејќи тој лично ги подготвил отказните документи и ги пратил во Анкара.
Додека Ташкин бил на служба во Муш, двајца негови пријатели аплицирале за воена академија. Ташкин истакна дека тие ги добиле прашањата од тестот. Подоцна неговите пријатели биле примени и поставени на повисоки позиции од него.
Ташкин во военото училиште имал кодно име „Намик”. Во тоа време во организацијата на ФЕТО работел како разузнувач. Прибирал информации за луѓе и ги препраќал понатака.
Тој исто така во својот мобилен телефон ја имал инсталирано апликација „Bylock” за кодирани пораки. Оваа апликација ја користеле сите членови на терористичката организација ФЕТО, за да ги прикријат своите активности од безбедносните органи.
Ташкин рече дека за време на службата во Ван стапил во контакт со личност под кодно име „Доктор Џафер”, кој му ја инсталирал споменатата апликација на мобилниот телефон, за да можат да комуницираат непречено. Ташкин рече дека подоцна ја избришал апликацијата Бајлок, сметајќи дека таа може да му создаде проблеми.
Подоцна е унапреден во еден од командантите на жандармеријата во градот Нигде. Од организацијата му порачале дека во градот во кој престојува немаат лице за контакт и затоа ќе дојде некое лице од соседниот град.
Ташкин нагласи дека се надевал дека повеќе никој од организацијата нема да го контактира. Меѓутоа, му се јавила личност која се претставила како учител. Настанал период на дружење со таа личност. Гледале снимки на политички говори на Фетула Ѓулен, кој им советувал да гласаат за прокурдската партија ХДП, наместо сега владеечката АК партија.
„Тоа многу тешко ми падна”, рече Ташкин и додаде:
„Тогаш решив полека да почнам да работам на тоа како да се извлечам од организацијта. Ретко одев на состаноци, а кратко останував и кога ќе ги посетуват. Ми рекоа дека не можам да побегнам од нив, дека организацијата ги казнува оние кои се обидуваат да ја напуштат”.
Пред 15. јули 2016 година, на состаноците често можело да се чуе дека се ќе помине и се ќе се измени.
„Кога чув за обидот за државен удар, отидов пред канцеларијата на гувернерот на Нигде и ги поддржав граѓаните на Анкара и Истанбул”, рече Ташкин истакнувајќи дека не учествувал со организацијата во подготовката на планот за уривање на легитимно избраната влада на Турција.
Неуспешниот обид за државен удар во Турција кој се случи на 15 јули е дело на терористичката организација ФЕТО, на чие чело се наоѓа нејзиниот водач Фетула Ѓулен кој живее во САД. За време на обидот за државен удар, животот го загубија 246 лица, додека беа ранети 2.194 лица. Турција и формално од САД побара приведување и екстрадикција на Ѓулен.
Терористичката организација ФЕТО во 70-те години од минатиот век започна да ги инфилтрира своите членови во безбедносните институции во Турција. Во 80-тите години ја заврсти својата паралелна пирамида во рамките на сите институции, за на крај, на 15. јули минатата година да го изведе неуспешниот обид за државен удар со цел да го урне уставниот поредок во Турција и да ја урне демократски избраната власт.
Турските власти на 2. февруари минатата година од САД побараа укинување на 'зелената карта' на Фетула Ѓулен, водачот на ФЕТО. Нему, поради 'давање лажна изјава', поништен му е турскиот пасош.
Според последните податоци, во 113 земји во светот има 688 училишта и образовни институции кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО. Во Австралија постојат 15 такви училишта, во САД во 9 сојузни држави делуваат 150 училишта поврзани со ФЕТО, во Африка во 36 земји има 106 такви училишта, во 35 европски земји има 175 училишта кои се поврзани со ФЕТО, додека во 32 азијски земји постојат 242 училишта на ФЕТО.