Fatih Erel
10 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Денес, во втората етапа од 54. претседателска велосипедска тура во јужната турска област Анталија победата ја однесе Ирецот Сем Бенет, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирецот Сем Бенет, кој вози за тимот Бора-Хансгрое, победи на 149,6 километарската трка во Аланија, за време од 3 часа, 24 минути и 37 секунди.
По вторпат, велосипедската тура „Tour of Turkey“ се одржува во категоријата „Светски тури“.
Колумбиецот Алваро Хосе Одег Чагеј, кој возеше за тимот Квик-Степ Флорс, освои второ место, додека Симоне Консони, италијанскиот велосипедист кој возеше за тимот ОАЕ-Тим Емирати, освои трето.
Аргентинецот Максимилијано Ричезе вчера победи во првата етапа од турата во централната турска област Коња.
- Шестдневна тура од 950 километри -
Оваа година во турата учествуваат 20 тима од различни делови на светот, вклучувајќи го и турскиот национален тим, во 950-километарската трка во шест етапи.
Во организација на Турската велосипедска федерација, претседателската велосипедска „Tour of Turkey“ своето деби го имаше во 1963 година, а две години подоцна стана меѓународна трка.
Во единствената од ваков вид велосипедска тура во светот, која поврзува два континента, велосипедистите, исто така ќе возат и низ тунелот „Евроазија“ под Босфорот, кој ги поврзува Европа и Азија.
Девет тимови од Светската тура се дел од 20-те тимови со вкупно 140 велосипедисти кои возат на овогодишната „Tour of Turkey“.
Оваа година, шестдневната тура започна вчера во Коња, а ќе заврши во Истанбул на 14 октомври.
Етапи:
Етапа 1: Коња - Коња / 9 октомври // 148.4 км
Етапа 2: Аланија - Анталија / 9 октомври // 149.6 км
Етапа 3: Фетије - Мармарис / 11 октомври // 132.7 км
Етапа 4: Мармарис - Селџук / 12 октомври // 205.5 км
Етапа 5: Селџук - Маниса / 13 октомври // 135.7 км
Етапа 6: Бурса - Истанбул / 14 октомври // 164 км