Gökhan Ergöçün
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Календарски прилагоденото индустриско производство на Турција во октомври се зголеми за 8,5 отсто на годишно ниво, објави денес статистичката агенција на таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сите подиндекси во тој месец го поддржаа индексот, особено секторот на рударство и индустриско производство, покажуваат податоците на Институтот за статистика на Турција (TurkStat).
Индексите на вадење руда и камен и производство се зголемија во октомври за 9,2 отсто на годишно ниво.
Индексот на снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во октомви е зголемен за 3,5 отсто.
Податоците на ТуркСтат покажуваат дека и индустриското производство во земјата на месечно ниво се зголемило за 0,8 отсто.