Турција

Илјадници сириски деца се вратија во училиштата во Турција

Во југоисточната турска област Шанлиурфа, во градот во кој се згрижени голем број Сиријци, околу 75.000 сириски деца ја започнаа учебната 2018/19 година

Sena Güler  | 17.09.2018 - Обновена : 18.09.2018
Илјадници сириски деца се вратија во училиштата во Турција Halil Fidan/AA

Sanliurfa

ШАНЛИУРФА (АА) - Илјадници сириски деца кои ја напуштија својата земја поради конфликтот што се случува таму и побараа засолниште во Турција, се вратија во своите училишта денес, првиот ден од новата учебна година, јавува Anadolu Agency (AA).

Во југоисточната турска област Шанлиурфа, во градот во кој се згрижени голем број Сиријци, околу 75.000 сириски деца ја започнаа учебната 2018/19 година.

Десетгодишниот Абдулхамид Леџи од североисточниот сириски град Рака рече дека четири години оди на училиште во Турција.

„Денес е прв ден на училиште. Од вчера сум многу возбуден. Ми недостасуваа многу моите пријатели и наставници“, рече тој, додавајќи дека во иднина сака да стане наставник.

Дуа Ахмад (10), рече дека научила турски благодарение на образованието во Шанлиурфа, откако дошла во градот од сирискиот источен град Деир ез Зор.

Наставничката по математика Шебха Алфанди изјави дека е среќна што ја продолжува својата кариера во Турција.

Исто така, во југоисточната област Килис 28.000 сириски деца се вратија во училиштата.

Рејан Ибрахим која дошла во Турција пред две години од сирискиот Алепо за АА изјави дека започнала со училиште минатата година и научила турски јазик за кратко време.

Сириските деца во југоисточната турска област Хатај, исто така, се вратија во училиштата.

Жана ал Хаџи која доаѓа од сирискиот Идлиб е петто одделение во училиште и рече дека е среќна што е во Турција и дека ги сака нејзините пријатели.

Сирија е средиште на граѓанска војна која започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.

Турција во моментот е домаќин на речиси 3,5 милиони сириски бегалци, повеќе од која било земја во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.